Линкови за пристапност

Обама бара Конгресот да реагира за данокот, владините средства


Обама бара Конгресот да реагира за данокот, владините средства
Обама бара Конгресот да реагира за данокот, владините средства

Ако законодавците не постигнат решение, по петок владата ќе мора да затвори, а од 1-ви јануари ќе се зголеми данокот на плата.

Владата не треба да стави катанец на вратата затоа што Конгресот не може да донесе решение за едно даночно прашање, изјави денес американскиот претседател Барак Обама.

Претседателот врши притисок врз законодавците да го продолжат даночното олеснување за платите пред да заминат на одмор за празниците, предупредувајќи дека во спротивно на 1-ви јануари, 160 милиони американски работници ќе мора да плаќаат повисок данок на примањата.

Во петок, пак, истекуваат средствата што Владата ги доби за непречено работење. Американските законодавци се оптимисти дека дотогаш е можен договор што ќе избегне делумно запирање на владините операции.

Водачот на демократското мнозинство Хари Рид кажа дека пратениците работат на надминување на разликите околу предлог-законот за натамошно финансирање на владата, како и мерката за продолжување на даночното олеснување за платите. Водачот на републиканците во Сенатот Мич Меконел е „убеден и оптимист“ дека ќе биде најдено решение за обете нешта.

Доколку до полноќ Конгресот не одобри нови средства за владата, таа ќе мора да запре со дел од операциите што не се сметаат за најпотребни.

XS
SM
MD
LG