Линкови за пристапност

Контрола врз платени политички пораки на интернет


Извршните лица од Фејсбук, Гугл и Твитер ќе имаат шанса да ја разгледаат легислативата за време на отворениот распит за јавноста на Сенатската комисија за разузнавање

Со оглед дека има уште една година до делумните конгресни избори, законодавците претставија меѓу-партиски предлог за регулирање на политичките рекламни пораки на Интернет во САД.

Ваквата мерка уследи по информациите дека руски хакери трошеле голема сума пари за рекламни пораки на Интернет насочени кон американската јавност пред претседателските изборите во 2016-та.

„Законот, насловен како „Акт за искрени реклами“ ќе обезбеди транспарентност и одговорност за платени политички пораки он-лајн, кои ќе бидат покриени со истите законски прописи како и обичните политички реклами пораки. Милиони корисници на интернет ќе знаат кој стои и што е суштината во пораките“, изјави Ејми Клобухар, највисоко рангирана демократка во конгресната комисија за регулирање на правилата на маркетиншки пораки на федерални избори.

Предлог - законот е поддржан и од републиканецот Џон Мекејн од Аризона, претседавач со сенатската комисија на вооружените сили.

Извршните лица од Фејсбук, Гугл и Твитер ќе имаат шанса да ја разгледаат легислативата за време на отворениот распит за јавноста на Сенатската комисија за разузнавање, најавена за следниот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG