Линкови за пристапност

Конгресот усвои зголемување на задолжувањето за беспрекорно функционирање на владата


Претставничкиот дом го усвои зголемувањето рано утринава со 221-209, со само еден републиканец кој гласаше со демократите. Сенатот вчера гласаше со 50 ЗА од демократите и 49 Против од републиканците.

Американскиот Конгрес усвои мерка за кревање на лимитот за задолжување во гласање по партиска линија за да се избегне неочекувана рецесија.

Претседателот Бајден се уште треба да ја потпише легислативата, што е последна етапа од процесот кој ги подели демократите и републиканците со месеци.

Претставничкиот дом го усвои зголемувањето рано утринава со 221-209, со само еден републиканец кој гласаше со демократите. Сенатот вчера гласаше со 50 ЗА од демократите и 49 Против од републиканците.

Секретарката за финансии Џенет Јелен ги предупреди законодавците дека нејзиниот Оддел може да остане без пари за финансирање на владините операции уште денеска.

Легислативата го зголеми ограничувањето на задолженоста за 2,5 трилиони долари, а лидерот на сенатското мнозинство Чак Чумер најави дека тоа ќе овозможи финансирање на владините операции и по делумните конгресни извори во 2022-ра и во 2023-та.

Конгресот го зголемил ограничувањето за задолженоста речиси 80 пати од 1960-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG