Линкови за пристапност

Членови на Конгресот добиле заканувачки писма


Членови на Конгресот добиле заканувачки писма

Писмата со „сомнителен прав“ биле испратени до канцелариите на тројца членови на американскиот Конгрес.

Заканувачки писма со „сомнителен прав“ биле испратени до канцелариите на тројца членови на американскиот Конгрес.

Официјални лица соопштија дека го тестирале материјалот и откриле дека е безопасен. Сепак, обезбедувањето во Сенатот испратило електронска порака до членовите на Когресот со предупредување за дополнителни сомнителни писма.

Властите не ги обелоденија имињата на членовите на Конгресот на чија адреса биле доставени писмата, но потенцираа дека особено внимание треба да се обрати на писма со поштенски марки од Портланд, Орегон. Надлежните се сомневаат дека лицето кое ги испраќа пратките располага со решеност и има потенцијал за нанесување реална штета.

Припадник на агенција за спроведување на законот, кој побара да остане анонимен, соопшти дека вакви писма биле испратени и до популарните комичари Џон Стјуард и Стивен Колберт.

Инцидентот со писмата доаѓа само една недела откако властите уапсија лице обвинето за заговор за поставување на бомба во зградата на Конгресот.

XS
SM
MD
LG