Линкови за пристапност

Сведочење во Конгресот на врвни гимнастичарки на САД за неуспехот да бидат заштитени од сексуални испади


Четирите гимнастичарки се меѓу стотици жени, вклучувајќи и други атлетичарки и Олимпијки, кои изложија обвинувања на сметка на Насар.

Американските гимнастичарки Симон Бајлс, Мекајла Марон, Ели Рејсман и Меги Нихолс, жестоко ги критикуваа американската национална федерација за гимнастика, Олимпискиот комитет на САД, и ФБИ на конгресното сведочење во Вашингтон, за нивниот неуспех да преземат итна акција по нивните обвинувањата за сексуална злоупотреба од нивниот лекар Лари Насар.

Насар служи доживотна казна затвор откако се произнесе виновен на крајот од 2017-та и 2018-та за сексуални испади врз жени и девојчиња додека работел како спортски лекар за тимот на САД по гимнастика, и на државниот Универзитет во Мичиген.

Четирите гимнастичарки се меѓу стотици жени, вклучувајќи и други атлетичарки и Олимпијки, кои изложија обвинувања на сметка на Насар.

Тие на распитот пред сенатската комисија за правосудство, ги раскажаа личните приказни како биле виртуелно игнорирани од официјални лица од Сојузот на гимнастичарките, и од ФБИ.


Тимот на САД во гимнастика го пријавил Насар во ФБИ во јули 2015-та, но тој продолжил да прегледува пациенти при Универзитетот Мичиген се додека не бил изложен на крајот од септември, следната година, од еден весник.

Внатрешна истрага на ФБИ покажа дека и покрај сериозните обвинувања, виши официјални лица од Бирото во Индијанаполис, не одговориле со „сериозност и ургентност“ на случајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG