Линкови за пристапност

Медлин Олбрајт: Трагедија е што Бугарија го искористи ветото за домашно-политички поени


Медлин Олбрајт: Трагедија е што Бугарија го искористи ветото за домашно-политички поени
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:26 0:00

Медлин Олбрајт: Трагедија е што Бугарија го искористи ветото за домашно-политички поени

64-тата државната секретарка на САД, Медлин Олбрајт, се осврна на денешното вето од Бугарија врз Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

„Новата американска администрација би требало да го поддржи демократскиот развој на земјите од Балканот“, порача Медлин Олбрајт поранешна амбасадорка на САД во ОН и американска државна секретарка на сведочење во Комисијата за надворешни односи во Претставничкиот дом на САД каде се одржа распит за препораките кон Балканот за идната администрација во Вашингтон од новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Во тој контекст, Олбрајт се осврна кон стратегијата која, како што објасни, би се состоела од три дела.

Стратегијата треба да помага поединечни држави во реформите и да ги наградува, но и да извршува притисок врз оние кои не спроведуваат реформи.
Олбрајт за новата политика спрема Балканот од новата администрација во Вашингтон


„Потребно е да воспоставиме поцврста соработка со Европската унија во која шест земји од Западниот Балкан сакаат членство. Потребно е да се зголеми соработката против корупцијата која се одразува врз политичките институции и го нарушува владеењето на правото во регионот. Стратегијата треба да помага поединечни држави во реформите и да ги наградува, но и да извршува притисок врз оние кои не спроведуваат реформи“, изјави поранешната државна секретарка на распитот.

Според неа, САД презедоа вистинска акција да го спречат крвопролевањето во Косово и во Босна и Херцеговина во 90-тите. „Денес, Балканот е постабилен и има потраен мир отколку пред 25 години. Регионот ги продлабочи односите со САД и се ориентира кон ЕУ. Корупцијата е сериозен проблем, а националистичките лидери и натаму играат на картата на национализмот и ги потпалуваат страстите“, наведе Олбрајт.

64-тата државната секретарка на САД, Медлин Олбрајт, се осврна на денешното вето од Бугарија врз Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

„Трагедија е што Бугарија го искористи членството во ЕУ да ја блокира Северна Македонија да ги почне преговорите со Унијата за добивање внатрешно-политички поени, истакнувајќи дека истата грешка со години ја правеше и Грција, но на крајот беше најдено решение за членство во НАТО“, изјави поранешната државна секретарка.

Таа укажа дека изминатите две децении американската администрација е вклучена во решавање на отворените прашања на Западниот Балкан меѓу кои и судирите на Косово и постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор.

На три и пол часовниот настан сведочеа, поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс и Јануш Бугајски од Фондацијата Џејмстаун, обајцата долгогодишни аналитичари и добри познавачи на регионот.

Со распитот претседаваше, конгресменот Елиот Енгел од Њу Џерси, кој се осврна на 30-годишната посветеност кон Балканот и неговите заложи за зголемено присуство на било која американска администрација.

„Мошне сум горд дека спречивме геноцид во Европа на крајот од 90-тите“, изјави Енгел, потсетувајќи на неговата ангажираност околу Косово и гласноста за тамошните кршења на човековите права на Албанците и бруталноста на режимот од тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Тој истакна дека Косово е една од најпријателските држави на Балканот кон САД, сметајќи ги за ослободители од еден режим од когo страдале на крајот од 90-тите.

Сите го истакнаа членството на Северна Македонија во НАТО, како придобивка кон зацврстување на безбедносниот чадор на Балканот. Србија треба да ја покаже европската ориентираност, а не кокетирањето со Кремљ, нагласија говорниците.

„Не смее да се остави политички вакуум на Западниот Балкан за да се овозможи поголемо влијание од Русија и Кина во регионот“, се осврна Бугајски на потребата од поголемо присуство на САД.

За Јануш Бугајски, новата администрација на новоизбраниот претседател Џо Бајден треба да направи – „Роад мап“, патоказ, што ќе води кон признавање на независната на Косово од страна на Србија. Тој ја отвори идејата за воведување санкции и замрзнување на сметките на руските олигарси кои шират руско влијание во Република Српска.

Според него, треба да се истражи сомнителното кинеско инвестирање во регионот и кои се намерите зад поголемо влијание од владата во Кина.

Аналитичарот Даниел Сервер оцени дека „новоизбраниот претседател Бајден треба да се консултира со сојузниците со ЕУ за да ги координираат напорите за приближување на пост-дејтонска Босна, која ќе биде спремна за ЕУ.

Според него, неопходно е да се изврши притисок врз Белград да му дозволи на Косово да се развива како независна држава кон полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

Настанот се одржа во федералната Зграда Рејбурн, и беше пренесуван и виртуелно преку Cisco WebEx, согласно мерките за социјално дистанцирање поради пандемијата со Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG