Линкови за пристапност

Демократите во Сенатот разгледуваат ревидирање на филибастерот


Cо цел да се забрза усвојувањето на агендата на претседателот Бајден

Има причини зошто некои американскиот Сенат го нарекуваат „најпромислено тело во светот“.

Една од причините, е филибастерот.

„Во Сенатот, еден закон не може да биде усвоен само со тесно мнозинство“, вели Норм Орнштајн, аналитичар.

„Тие имаат, како што се нарекува супер-мнозинство“, коментира Сара Биндер, аналитичарка.

Ваквото правило било воспоставено со цел гласањето во Сенатот да ѝ овозможи на малцинската партија да има влијание и да учествува во изготвување на законот.

Филибастерот бил присутен во некоја форма уште од средината на 1800-те, кога сенаторите го користеле за да заштитат ропството.

Во 1950-тите и 1960-те, беше искористено да се забави усвојувањето на легислативата за граѓанските права.

Кога луѓето кој ја поддржува сегрегацијата и го спроведуваа филибастерот за граѓанските права и гласањето за нив, тие морале да спијат облечени пред говорницата во Сенатот, затоа што можело да се гласа во било кој момент, се присетува Норм Орнштајн, аналитичар.

Тоа било тогаш, кога малцинството спроведувалo таканаречен „разговорен филибастер“.

„Во ред, ако толку ви е важен законот, држете ја говорницата, окупирана, понудите дебата, предлози, амандмани, користете опструкција, ако морате. Покажете се во дебата, вели Бајндер.

Сенатот го промени правилото за филибастерот во 1975-та, за да ја елиминира потребата да продолжи расправата.

Наместо тоа, три петтини, или 60 од актуелните 100 сенатори, треба да се согласат да стават крај на дебатата за прашањето да може да се гласа по него.

Со оглед дека минал 36 години во Сенатот, Џо Бајден го подржувал одржувањето на филибастерот.

Во ексклузивно интервју за водителот од Еј-Би-Си Њуз Џорџ Стефанопулос, претседателот Бајден призна дека туркањето напред на неговата агенда можеби значи модифицирање како функционира Сенатот.

„Ако престанете да дебатирате, некој, може да каже - ајде да гласаме! Значи, мора да работите за филибастерот“, изјави Бајден.

Менувањето или елиминирањето на филибастерот бара мнозинско гласање.

Додека демократите имаат тесно мнозинство, сите немаат ист став.

„Гласањето со 60 гласови е направено со цел. Основачките татковци на нацијата велат дека ако за нешто не се согласуваме, тогаш треба да ги оладиме зовриените глави, и повторно да се обидеме да бараме решение“, изјави Мансин.

Џо Мансин, еден од најконзервативните 50 сенатски демократи, изјави дека никогаш не би го елиминирал филибастерот.

Но, се согласи со Бајден за измени во филибастерот, и според неговите зборови, „да се направи помалку растеглив“.

Правилата на филибастерот беа двата пати менувани изминатата деценија за да може полесно да се потврдат претседателските номинации.

Лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел, изјави дека демократите ќе зажалат дека сакаат понатамошни измени.

„Штом републиканците се вратат во мнозинство, нема само да ги поништиме сите либерални промени што ја повредуваат државата. Ќе ја зајакнеме Америка со сите видови на конзервативни политики, без било какво учество од другата страна“, изјави Меконел.

Легислативата за имиграционите реформи која ја поддржува Бајден и за гласачките права, наскоро ќе бидат тест дали ќе преживее денешната форма на филибастерот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG