Линкови за пристапност

САД ќе станат прва земја која ќе забрани увоз на добра од принудните центри на Ујгурците во Кина


US Capitol dome at night - Congress - Washington
US Capitol dome at night - Congress - Washington

По повеќе од едногодишни преговори, Актот за превенција на принудната работа на Ујгурците беше усвоен едногласно во Сенатот, при што е отворен патот за претседателот Бајден да го потпише и да стане закон.

Американскиот Конгрес ги приближи САД да станат прва земја во светот која ќе забрани увоз на добра кои се произведуваат во принудните центри за работа од страна на ујгурското малцинство во Кина.

По повеќе од едногодишни преговори Актот за превенција на принудната работа на Ујгурците беше усвоен едногласно во Сенатот, при што е отворен патот за претседателот Бајден да го потпише и да стане закон.

Штом стане закон и стапи на сила, ќе биде забранет увоз на сите добра кои доаѓаат од регионот Џијанџинг во САД, се додека кинеските компании не и покажат на американската влада „јасни и уверливи докази“ дека во ланецот на снабдување не биле користени Ујгурците од камповите за принудна работа.

Пекинг ги опипа камповите како Центри за „ре-едукација, наменети за спречување на тероризмот.

Белата куќа објави дека ќе соработува со Конгресот за имплементирање на мерките.

САД го зголемија притисокот врз Кина за почитување на човековите права спроти Олимписките игри во Пекинг во февруари.

Вашингтон го означи третманот на Ујгурците како геноцид и најави дипломатски бојкот на Зимските Олимписки Игри.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG