Линкови за пристапност

Претставничкиот дом одобри 4 трилиони долари буџет за 2018-ма


Отворен патот за даночни кратења; демократите се противат

Претставничкиот дом го одобри предлог-законот за 2018-ма во висина од 4 трилиони долари, чекор напред кон усвојување на законот за даночни кратења на републиканците.

Мерката беше усвоена со тесно мнозинство од 216 ЗА и 212 Против и покрај противењето од водечки и влијателни републиканци.

Усвоената мерка во Претставничкиот дом ја отвора вратата за победа на претседателот Трамп и републиканските конгресни лидери, кои се заложија дека ќе бараат измени на даночкиот код, нешто, што не е сторено повеќе од четири децении.

Претседателот Трамп секогаш се залага за кратење на даноците за работливите Американци, поедноставувајќи го даночниот систем во САД. Очекува поголема соработка со Конгресот за поголем напредок на планот за развој и отворање работни места на актуелната администрација“, објави Белата куќа.

На републиканскиот план се противат многу демократи, кои тврдат дека најголема корист првенствено ќе имаат богатите и корпорациите.

„Демократите ќе сторат се` - да спречат предлози за даночни олеснувања од кои богатите ќе имаат корист, но не и граѓаните од средната класа“, изјави лидерот на сенатското малцинство Чак Шумер од сојузната држава Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG