Пандемијата со коронавирусот продолжува да има ефект врз спортскиот свет. Две големи спортски конференции во САД објавија дека ја одложуваат претстојната есенска фудбалска сезона.
Комесарот на Биг Тен, Кевин Ворен рече дека по консултација со медицинскиот борд, „станало јасно дека има премногу неизвесност од потенцијалните медицински ризици кон студентите – спортисти, кои што треба да се натпреваруваат есента“.
И комесарот на Пак-12, Лари Скот изјави дека претседателите и канцеларите на сите школи при Универзитетите се согласиле дека индивидуалните програми се дел од пошироките кампуси, каде има значителен ризик за Ковид-19.
Во Биг Тен спаѓаат легендарните колеџи со познати спортски програми Охајо Стејт, Мичиген и Пен Стејт.
Додека во Пак-12, спаѓаат познатите колеџи на западното крајбрежје на САД – Универзитетот на Јужна Калифорнија, и Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УЦЛА).
Можноста да се одигра било каков фудбалски натпревар есента беше под знак прашање уште пред одложувањето на најпопуларните спортски колеџ – конференции.