Линкови за пристапност

Клинтон ветува натамошна поддршка за човековите права во странство


Фундаментален дел на американската надворешна политика, вели државната секретарка.

Државната секретарка Хилари Клинтон ги потсети американските дипломати на потребата од поддршка на граѓанското општество и организациите за заштита на човековите права кои се најдоа на удар од владите на Блискиот Исток и во Северна Африка.

Во обраќањето на средба на амбасадорите во Вашингтон, Клинтон порача дека поддршката за организациите што промовираат „универзални“ човекови права во рестриктивните земји е фундаментален дел на американската надворешна политика.

Првиот човек на американската дипломатија потсети дека бројни влади се огласиле или презеле правни мерки против организациите за заштита на човековите права финансирани од САД, тврдејќи дека се работи за неприфатливо мешање од страна на странска држава.

Така, египетските власти во декември обвинија 16 Американци поврзани со меѓународни про-демократски организации за поттикнување на немири и примање пари од илегални странски фондови.

Клинтон рече дека иако многу земји кои минуваат низ транзиција кон демократски општества имаат легитимни прашања за овие организации, ваквите групи немаат намера да креираат немири, туку се од суштинско значење за одржување на демократијата.

XS
SM
MD
LG