Линкови за пристапност

Клинтон ја повикува Индија да го намали увозот на нафта од Иран


Државната секретарка сугерира отвореност кон нафта од други пазари во светот.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Индија уште повеќе да го намали увозот на нафта од Иран, во рамки на тековната кампања на притисок врз Техеран околу контроверзната нуклеарна програма.

За време на обраќање на настан во Калкута, Клинтон го поздрави потегот на Индија за досегашното намалување на увозот, но повика на доплнителни скратувања на увоз од Иран, потенцирајќи дека нафта има на располагање и на други пазари во светот.

Индија во моментов има огромна побарувачка на нафта заради брзиот економски растеж и има критички став спрема законот на САД со кој се воведуваат санкции врз банки од земји што купуваат иранска нафта.

XS
SM
MD
LG