Линкови за пристапност

Клинтон го заврши престојот на Блискиот исток


Клинтон посредуваше во дводневните разговори еден-на-еден меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е на пат за САД откако ја заврши првата рунда мировни разговори меѓу Израел и Палестинците кои резултираа без јасен напредок за клучни прашања од конечниот договор.

Клинтон посредуваше во дводневните разговори еден-на-еден меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају.

Канцеларијата на Нетанјаху издаде соопштение во кое вели дека Израел нема планови да го продолжи мораториумот за изградба н доселенички населби на Западниот брег, кој истекува на 26-ти септември. Сепак, во соопштението се вели дека премиерот планира да го ограничи просторот за идни градежни зафати.

Палестинците се заканија дека ќе ги напуштат мировните разговори ако Израел ги укине мораториумот за изградба на доселенички населби на територијата која Палестинците сакаат да биде дел од нивната идна држава.

Во четвртокот, египетскиот претседател Хосни Мубарак го повика Нетанјаху да го продолжи „замрзнувањето“ на изградбата на доселеничките населби уште три месеци и да му даде шанса на мировниот процес.

XS
SM
MD
LG