Линкови за пристапност

Хилари Клинтон наредниот месец во Бурма


Хилари Клинтон наредниот месец во Бурма
Хилари Клинтон наредниот месец во Бурма

Прва посета на еден американски државен секретар во последниве 50-тина години.

Американскиот претседател Барак Обама најави дека наредниот месец ќе ја испрати државната секретарка Хилари Клинтон во посета на Бурма. Ова нова дипломатска иницијатива ќе биде прва посета на американски државен секретар на земјата последниве 50-тина години.

Обама, кој во моментов се наоѓа во посета на индонезискиот остров Бали, кажа дека САД со посетата реагираат на, „зраците на надеж“ од владата на Бурма која се` уште е под големо влијание на армијата. Конкретно, тој ги наведе владините чекори за започнување на дијалог со опозиционата водачка Ан Сан Су Чи, ослободување на некои политички затвореници и создавање на нова политичка клима.

Претседателот на САД кажа дека пред да ја објави веста по првпат разговарал со Ан Сан Су Чи и дека таа ја поддржува американската инволвираност „за придвижување на процесот“.

Според Обама, Клинтон во Бурма ќе се обиде да дознае што може САД да сторат за да го поддржат напредокот во политичките реформи, човековите права и националното помирување.

САД, рече Обама, и натаму се загрижени за затворениот политички систем на Бурма, третманот на малцинствата, држењето на политички затвореници и врските со Северна Кореја. Обама потенцираше дека Бурма треба да го интензивира реформскиот процес за да воспостави нови односи со САД.

XS
SM
MD
LG