Линкови за пристапност

Богатите и сиромашните против глобалното затоплување


Дискусија за климатските промени на Универзитетот Џорџ Мејсон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Дискусија за климатските промени на Универзитетот Џорџ Мејсон

Дискусијата на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија за очекувањата на претстојниот Самит за климатски промени на ОН кој ќе се одржи во Париз

Богатите и сиромашните заедно во борба со глобалното затоплување – е заклучокот од дискусијата на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија за очекувањата на претстојниот Самит за климатски промени на ОН кој ќе се одржи во Париз од 30-ти ноември до 11-ти декември.

Нема мали и големи, нити богати или сиромашни. Сите земји треба имаат свој удел во справувањето со климатските промени преку намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата, заклучија дискутантите на расправата за климатските промени.

Според Дон Бајер, демократски конгресмен од Вирџинија, има надеж за идејата на заедничко справување со рапидното зголемување на глобалните температури.

„САД имаат направено многу повеќе од било која земја во последните седум години за намалување на јаглеродните остатоци во атмосферата. Оптимист сум за разговорите во Париз. Дури и големите нуклеарни загадувачи како Кина и Индија, се подготвени да излезат со план, изјави овој законодавец.

Главна цел е конкретен план коишто можат да го реализираат сите нации – за двојно намалување на загадувањето до 2020-та и 2030-та.

Потребно е и натамошно кревање на свеста за климатските промени, а договор, којшто веднаш би стапил во сила треба да биде правно обврзувачки и применлив за сите држави, нагласија учесниците.

Алија Хаг од невладината организација Совет за одбрана на природните ресурси, вели земјите во развој треба да се вклучат, но не по цена на натамошно осиромашување на економиите.

„Земјите во развој се најпогодени од климатските промени и потребна им е помош од индустриски развиениот свет, кој во крајна линија е најодговорен на најголем дел од загадувањето и глобалното затоплување“, додава Хаг.

Директорка на програма за климатски промени и здравје при Универзитетот Џорџ Мејсон, Мона Сарфати, понуди решение.

„Треба да се придржуваме до сценариото за намалување на емисијата на издувни гасови со што ќе го задржиме степенот на глобално затоплување на 2 до 3 степени. Ако реагираме веднаш, и го намалиме влијанието од јаглеродниот диоксид, а тоа ќе помогне на планетата“, коментира професорката Сарфати.

Дискутантите се заложија за алтернативни, обновливи извори на енергија, како ветер и сончева енергија, да бидат главен енергетски ресурс за човештвото во блиска иднина.

XS
SM
MD
LG