Линкови за пристапност

„Сирк ду солеј“ – магија под шаторот


„Сирк ду солеј “ – магија под шаторот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00
Direct link

„Сирк ду солеј “ – магија под шаторот

30 години воодушевува со уникатниот спој на акробатика, кловновски точки, музика и танц.

Компанијата, чие седиште е во Монтреал, нуди 20 различни шоуа. Некои од нив се на редовен репертоар во Лас Вегас, Орландо и Лос Анџелес. Гласот на Америка улови едно со камерата на гостувањето близу Вашингтон.

Неколку часа до следното шоу, изведувачите се на проба...


... за Тотем, приказна инспирирана од еволуцијата и создавањето на светот.

Во големиот шатор, 20-годишната Шандиен Лоранс - танцува: „Потекнувам од индијански племиња од Аризона и Ново Мексико . Танцувам со обрачи веќе 10 години“

Со обрачите при танцот се трансформира во разни животни. Вели, танцот го претставува циклусот на животот.

„Нејзиниот брат Накота бил главен танчер со обрачи во шоуто Тотем. Бил одбран затоа што неговиот танц одлично се вклопил во темата за еволуцијата, вели Френсис Џалберт од Сирк ду солеј: „Шоуто црпи од дамнешни цивилизации и нивните погледи за тоа како настанал светот. Со обрачите го покажувме почетокот на животот на орел, кој ја претставува нашата желба за надминување на границите, за одењето понатаму“.

Оли Торкел бил гимнастичар во родна Финска пред да се стане дел од Тотем како акробат: „Како дете до гледав „Сирк ду солеј“ на телевизија и се воодушевав од акробациите“

Во Тотем има 52 изведувачи од цел свет. Но, многу повеќе се вклучени во беспрекорноста на шоуто. Три лица се исклучиво задолжени за - костимите: „Поради многубројните актобации, многу шавови од костимите треба да се сошијат“.

Целата опрема се пакува во 64 камиони на пат до следното шоу, каде извесувачите уште еднаш ќе создадат - магија под шаторот.
XS
SM
MD
LG