Линкови за пристапност

Хегел во Монголија


Американскиот секретар за одбрана потпиша договор со кој Вашингтон ќе пружи поголема армиска обука и помош за земјата

САД и Монголија ги зајакнаа армиските врски со договорот што во Улан Батор го потпиша американскиот секретар за одбрана Чак Хегел.

Монголскиот главен град е последната станица на 10-дневната азиска турнеја на Хегел, за време на која ги посети и Кина и Јапонија.

Со спогодбата насловена „Изјава за заедничка визија“, САД ќе пружат поголема армиска обука и помош за Монголија. САД во моментов обезбедуваат околу 3 милиони долари во армиска продажба и обука за оваа азиска земја што се граничи со Кина и Русија.

Хегел се сретна со виши монголски претставници, како и со војници што заедно со американските учествувале во операциите во Ирак и Авганистан. Тој пристигна во Улан Батор од Пекинг, каде вчера се сретна со кинескиот претседател Ши Џинпинг.
XS
SM
MD
LG