Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека САД ќе ги бранат азиските сојузници во случај на судир со Кина.
Првиот човек на Пентагон даде ваков коментар денеска, по средбата во Пекинг со кинескиот колега Чанг Ванкван. Хегел рече дека Вашингтон е целосно посветен на договорите што обврзуваат на заштита на долгогодишните сојузници, Јапонија и Филипините. Тие се меѓу неколкуте азиски држави што ја обвинуваат Кина дека преку заплашување се обидува да оствари поморски претензии.
Хегел ја повтори американската критика за идентификационата зона на воздушна одбрана што Кина ја воведе минатата година, а што се протега над острови на кои и Јапонија полага право.
„САД се мошне јасни по ова прашање. Прво, секоја земја има право да воспостави зона на воздушна одбрана, но не и право да го стори тоа еднострано, без соработка, без консултација. Тоа доведува до напнатост, недоразбирање и би можело да доведе до опасен судир“, рече Хегел.
На прес-конференцијата, кинескиот министер остана цврсто на ставот на Пекинг дека нема да направи компромис, ниту пак отстапка во спорот.