Темното чоколадо го продобива женското срце на повеќе начини.
Ново истражување покажа дека средовечните и постари жени во Шведска кои на дневна база јадат чоколади богати со антихидрати имаат помал ризик за срцеви проблеми.
Повеќе од 30.000 жени учествуваа во истражувањето.
Жените кои јадат во просек два пати во неделата темно чоколадо имаа 32 проценти помал ризик за срцеви проблеми. Кај жените кои јадат три пати во месецот, имаат 26 проценти помал ризик.
Но, жените кои јадат чоколадо на дневна база немаат придобивки за заштита на здравјето, веројатно поради дополнителните калории од него, а не од храната со хранливи состојки.
Резултатите уследија по неколку истражувања кои покажаа дека состојките во темното чоколадо може да помогнат во релаксирање на срцевите артерии. Истражувачите предупредуваат да не се претерува со јадењето чоколадо, особено ова важи за Американците.
Европските чоколади имаат поголемо количество на какао отколку оние во САД, како и антихидрати кои се корисни за срцето.