Линкови за пристапност

Кинеска државјанка уапсена за нелегален влез во одморалиштето на Трамп во Флорида


Кога ја претресле и` пронашле четири мобилни телефони, лап-топ, хард диск со надворешна меморија кој содржел компјутерски вирус.

Кинеска жена е уапсена минатата недела откако се обидела да влезе во летното одморалиште на претседателот Трамп. Со себе носела направа софтвер со компјутерски вируси.

Според судските документи од федералните обвинители, Јујанг Жанг побара од таен агент да влезе во летувалиштето Мар-а-Лаго во Палм Бич и да се упати кон приватниот клуб, тврдејќи дека е член и сакала да оди на базенот. Иако агентите не го нашле нејзиното име на одобрената листа со гости, сепак, менаџерот и` дозволил да влезе мислејќи дека е ќерка на некој член.

Но, штом влегла во клубот, на рецепција најавила дека присуствува на настан организиран од Асоцијацијата на кинеските – американци во ОН. Кога било востановено дека нема таков настан, тајните агенти ја привеле. Кога ја претресле и` пронашле четири мобилни телефони, лап-топ, хард диск со надворешна меморија кој содржел компјутерски вирус.

Жанг е обвинета со давање лажни изјави на федерални агенти, и за илегално влегување во ограничена област.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG