Линкови за пристапност

Евакуации од жариштата на коронавирусот во Кина


Првите евакуации на странски државјани од Кина се реализираа доцна синоќа во време кога расте бројот на жртви од короновирусот. Досега починаа 132 лица.

Асошиејтед Прес јави дека чартер лет евакуирал непознат број Американци од Вухан и е на пат кон Енкориџ, Алјаска, каде ќе спроведуваат детално прегледување на патниците.

Австралија, Нов Зеланд , Франција, Русија и други нации најавија планови за евакуирање на граѓаните од Вухан.

Кинеските власти потврдија дека досега се заболени 5900 лица, што ја надмина бројката на заболени од САРС.

Нема информации за починати од короновирусот надвор од Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG