Светската здравствена организација треба да одлучи дали ќе прогласи епидемија и глобална здравствена закана поради ширењето на новиот коронавирусот, од кој досега починаа 170 луѓе, а бројката на нови случаи се искачи над 7700.
„Зголемувањето на новите случаи и доказите за пренесување на вирусот од човек на човек надвор од Кина претставува голема загриженост“, изјави доктор Теодрос Гебрејус во седиштето на СЗО во Женева.
Неколку држави веќе евакуираа свои државјани од Вухан, кинескиот град кој е епицентар на коронавирусот.
Од СЗО потврдија дека 99% од потврдените случаи на заразени се во Кина. 15 други држави потврдија нови 68 случаи.
Белата куќа објави дека разгледува понатамошна рестрикција на американски патнички летови за Кина, покрај компаниите кои самоиницијативно запреа летови за оваа земја. Се уште не е воведена таква забрана.
Facebook Forum