Линкови за пристапност

Најмалку 500 патници почнаа да заминуваат од луксузниот брод кој беше во карантин во Јапонија


Најмалку 14 дена, повеќе од 3700 патници беа во карантин поради стравувања од коронавирус

Стотици патници почнаа да го напуштаат крузерот кој се наоѓаше во карантин две недели во јапонско пристаниште, во обид да спречат ширење на коронавирусот што е причина за најмалку 2000 починати во Кина.

Околу 500 патници се очекува да бидат пуштени од луксузниот брод Diamond Princess во Јокохама, каде беше прикотвен од 3-ти февруари. Јапонските здравствени лица го ставија бродот со 3700 патници во карантин, откако еден патник кој се качил во Хонг Конг бил дијагностициран со вирусот КОДИВ-19.

Но, и покрај обидот да се ограничи ширењето на вирусот, 542 биле заразени, што претставува најголем број на потврдени случаи надвор од Кина.

Само патниците кои што биле негативни по испитувањата им било овозможено да го напуштат бродот.

Околу 300 Американци беа евакуирани во понеделникот и веднаш беа ставени во 14 дневен карантин. Неколку други влади, вклучувајќи ја Британија, Канада, Австралија и Хонг Конг прават планови за евакуирање на своите државјани од Јокохама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG