Линкови за пристапност

Дводневни разговори САД-Кина во Вашингтон


Дводневни разговори САД-Кина во Вашингтон
Дводневни разговори САД-Кина во Вашингтон

Главни теми: економијата, почитувањето на човековите права и американската задолженост

Официјални лица од САД и Кина почнаа дводневни преговори на високо ниво на повеќе теми вклучувајќи го почитувањето на човековите права, актуелните реформи и нивото на американската задолженост.

Аналитичарите велат дека не очекуваат голем напредок за време на средбите во Вашингтон, но оти разговорите ќе помогнат во унапредување на односите меѓу двете економски сили.

Државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за финансии Тимоти Гајтнер ја предводат американската делегација.

Од американска страна се очекува притисок врз Кина да дозволи нејзината валута, јуанот, да биде пореално вреднувана.

Американскиот законодавци и производители велат дека кинеската валута ја нема реалната вредност, што помага кинеските добра да се поефтини на глобалниот пазар.

Кинезите се очекува да покренат прашање за загрижноста околу американската задолженост и претстојниот рок за Конгресот да го крене лимитот на дозволено задолжување.

XS
SM
MD
LG