САД воведоа нови и поостри тарифи против намалувањето на цената на кинеските соларни плочи. Како резултат Пекинг се пожали на, како што ја нарече „протекционистичката“ политика на Вашингтон.
Американскиот Оддел за трговија соопшти дека вредноста на кинеските соларни плочи била намалена меѓу 31 и 250 проценти, проценувајќи дека тие на американските пазари се продаваат под трошоците за нивно производство.
Одлуката има потенцијал да ги затегне трговските односи меѓу двете најголеми економии, кои и онака се заоструваа заради други трговски прашања изминативе неколку месеци.
Кинеското Министерство за надворешни работи не најави одмазднички чекор по потегот на САД, но подвлече дека мерките ќе и` наштетат на кинеско-американската соработка во секторите за чиста и обновлива енергија.