Линкови за пристапност

Кинеската популација со најниска стапка на раст во децении


Националното биро за статистика најави дека популацијата на Кина се зголемила за 5,38% меѓу 2010-та и 2020-та, со годишна стапка на растеж од над 0,53% и пад од 0,04% од претходната деценија.

Популацијата на Кина се зголеми за 72 милиони луѓе на 1,41 милијарда на завршување на деценијата во 2020-та, што е најниско зголемување на популацијата од воведувањето на стриктната политика - едно дете по семејство во 1980-тите.

Националното биро за статистика најави дека популацијата на Кина се зголемила за 5,38% меѓу 2010-та и 2020-та, со годишна стапка на растеж од над 0,53% и пад од 0,04% од претходната деценија.

Најнаселената земја во светот се соочува со загрижувачки тренд од намалување на работоспособните жители, а се зголемува бројката на се постари пензионери, што е резултат на владината одлука за ограничување на новороденчињата.

Кинеските лидери ги олеснија тие ограничувања во 2015-та, но стапката на новородени продолжува да се намалува поради зголемените трошоци за живот, недостигот од квалитетно домување и фокусот на младите кон нивните кариери наместо да почнат да формираат семејства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG