„Седум години од почетокот на градбата, автопатот Охрид-Кичево, не е завршен. Кредитот од кинеската Ексим Банка, наместо првичните 561 милион долари, со анексите достигна вредност од над 772 милиони долари или околу 600 милиони евра. Дури и ако новиот рок за завршување на градежните работи се испочитува, тоа би значело доцнење од околу три и пол години во однос на првично договореното“.
Ова не е единствениот пример што излегол од контрола на заемопримачите. Кинеските инвестиции биле тема на истражување на Институтот за демократија, со седиште во Скопје. Резултатот од анализа насловена „Втурнати во ќорсокак: „Заблудената верба во кинескиот корозивен капитал за изградбата на автопати во Северна Македонија“.
Меѓу главните забелешки е непостоењето транспарентност на договорите и на целиот процес што следи потоа, вели Иван Николовски, еден од авторите на студијата. .
Кај Кина е многу лесно. Имате директно договарање. Честопати се работи за нетранспарентни процедури.Николовски, автор на студијата
„Кај Кина е многу лесно. Имате директно договарање. Честопати се работи за нетранспарентни процедури. Процедури кои не подлежат на европските стандарди за јавно наддавање, што впрочем резултираше во многу коруптивни скандали, зголемување на јавниот долг на земјите бенефициенти, прашања поврзани со животната средина“, вели Иван Николовски, од Институт за демократија, автор на студијата.
Згора на тоа, тие кредити воопшто не се поволни, вели тој.
Ако се додадат и очекуваните исплати на камати во следните 15 години, во износ од околу 155 милиони американски долари, вкупната цена на автопатиштата ќе достигне повеќе од една милијарда и 200 милиони американски долари, што е навистина голем порастНиколовски, автор на студијата
„Ако се додадат и очекуваните исплати на камати во следните 15 години, во износ од околу 155 милиони американски долари, вкупната цена на автопатиштата ќе достигне повеќе од една милијарда и 200 милиони американски долари, што е навистина голем пораст. Ако пресметаме од вкупните буџетски приходи со надополнетиот буџет од мај 2020 година“, вели Иван Николовски, од Институт за демократија, автор на студијата.
Од вкупната вредност на градежните работи, во проценти, од бруто домашен производ и буџетски приходи, изнесува 31,5%“.
Но, не е само економското влијание тоа што загрижува. Марко Трошановски, извршен директор на Институтот за демократија коментира: „Преку тие заеми и дополнително, преку купувањето на стратешките сектори во делот на енергетиката, транспортот, итн, Кина покрај економски бенефит, остварува и потенцијал за политичко влијание, со тоа што располагајќи со транспортните и енергетските јазли во системот на ЕУ и Западен Балкан, таа се здобива и со преговарачка политичка позиција, многу помоќна од таа што досега ја имала“.
Ова истражување експлицитно вели дека иако „владата тврди дека членството во Иницијативата „17 плус 1“и соработката со Кина оди рака под рака со евроатлантските аспирации на Северна Македонија, ЕУ поинаку гледа на ова. Брисел внимава на Северна Македонија, кога станува збор за кинески заеми. Договорите за заеми со Кина се скроени за излегување во пресрет на интересите на Пекинг. Тие често вклучуваат одредби, кои се против правото на ЕУ“.
Демократскиот институт посочува и на авторитарниот режим на владеење на Кина, како опасен модел за владите на Западниот Балкан.
Не е јасно колку сериозно се сфаќаат овие предупредувања, зошто фактите зборуваат, за постојано зголемување на кинеските инвестиции во државата.
Ако во 2010 година, кумулативниот износ на странски директни инвестици од страна на Кина бил околу еден милион американски долари, во 2019-та, што е последен достапен податок од страна на НРБМ, износот на странски директни ивестиции достигнува 174 милиони американски долари.Николовски, автор на студијата
„Ако во 2010 година, кумулативниот износ на странски директни инвестици од страна на Кина бил околу еден милион американски долари, во 2019-та, што е последен достапен податок од страна на НРБМ, износот на странски директни ивестиции достигнува 174 милиони американски долари. Што, значи, дека станува збор за значително зголемување“, вели Иван Николовски од Институт за демократија и автор на студијата.
Слично истражување во авторството на Институтот за безбедносни истражувања на ЕУ- ЕУИСС, сугерира дека кинеските инвестиции во инфраструктурата во Западен Балкан ја поттикнуваат и онака раширената корупција во регионот.
Знак дека пораката можеби почнува да резонира во регионот е што на последниот Самит на иницијативата „17+1“, шест држави решиле да бидат претставени само на министерско ниво.
Facebook Forum