Линкови за пристапност

ЕУ предлага мерки да спречи странци поддржани од странски влади да купуваат бизниси во Унијата во нефер конкуренција


Според предлозите, Комисијата ќе спроведе истрага која ќе идентификува странска владина финансиска поддршка за бизнисмени за преземање на компании во ЕУ, чии годишен обрт е над 500 милиони евра или повеќе.

Европската комисија предложи правила да спречи компании да имаат корист од странската владина поддршка да купат бизниси во ЕУ или да учествуваат на јавни тендери, при што се алудира на нефер конкуренцијата која доаѓа од Кина, објави агенцијата Ројтерс.

„ЕУ е најотворен пазар во светот. Но, отвореноста се римува со фер односи“, изјави претседателската на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во твит, додавајќи дека целта е предложените мерки да обезбедат правила кои што ќе важат за сите.

Агенцијата пренесе дека планот на Европската комисија ја потенцира неопходноста за протекционистички мерки по неодамнешниот бран на странски преземања од европски компании и стравувањата дека ќе продолжи тој тренд поради падот на вредноста на акциите поради пандемијата со Ковид-19.

Според предлозите, Комисијата ќе спроведе истрага која ќе идентификува странска владина финансиска поддршка за бизнисмени за преземање на компании во ЕУ, чии годишен обрт е над 500 милиони евра или повеќе.

Шефицата за антикорупциски прашања во ЕУ Маргарет Верстагер на прес-конференција објави дека правилата ќе важат за сите сектори и оти „Европа е отворена за бизниси, но странските инвестиции мора да се фер и транспарентни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG