Линкови за пристапност

Кина отвори нова канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг


Според новиот закон за национална безбедност за Хонг Конг, секој за кој се верува дека е вклучен во тероризам, сепаратизам, субверзија на државната власт и соработка со странски служби може да се соочи со доживотна казна затвор.

Кина отвори канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг, клучен дел од новите жестоки мерки од Пекинг за поголема контрола во полу-автономниот финансиски центар.

Според новиот закон за национална безбедност за Хонг Конг, секој за кој се верува дека е вклучен во тероризам, сепаратизам, субверзија на државната власт и соработка со странски служби може да се соочи со доживотна казна затвор. Новиот закон е одговор на масовните и честопати насилни про-демократски демонстрации кои избувнаа во овој глобален финансиски центар во 2019-та.

Критичарите велат дека со ваквата мерка, ефективно се означува крај на политиката „една држава, два система“, со која на Хонг Конг му беше ветен висок степен на автономност, по предавањето на власта од Британија врз Кина во 1997-ма.

Истовремено со отворањето на канцеларијата за национална безбедност, Бирото за образование на Хонг Конг им забрани на студентите да ја пеат „Слава за Хонг Конг“, неофицијална химна на про-демократското движење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG