Собранието на Хонг Конг ја почна финалната дебата за контроверзниот закон со кој ќе се криминализира покажувањето непочитување на националната химна на Кина.
Денешната седница беше прекината од про-демократските законодавци кои се упатија пред говорницата и носеа пароли „Насилниот режим смрди 10.000 години“, пред да истурат смрдлива течност на подот од Собранието.
Обезбедувањето ги отстрани тие пратеници од седницата.
Контроверзниот закон содржи детали дека секој што намерно ќе ја навреди химната на Кина со исвиркување и други начини на изразување на непочитување, ќе биде казнет со тригодишна казна затвор и парично со повеќе од 6000 долари. Предлогот-законот беше претставен лани кога на фудбалските натпревари, навивачите ја пратеа химната со извикување.
Гласањето за законот за националната химна доаѓа една недела откако кинескиот Парламент во Пекинг усвои закон за национална безбедност за Хонг Конг, кој спречува и казнува акти на „сецесија, субверзија и терористички активности“, што се закана по националната безбедност на земјата.
Facebook Forum