Линкови за пристапност

САД го зголемува притисокот врз Кина за смртоносниот фентанил


„Лани 77.000 луѓе починаа од фентанил. Ако Кина спречи ширење на оваа опасна супстанца, резултатите ќе бидат извонредни“, напиша претседателот Трамп, на Твитер.

Кога фентанилот, опоидна супстанца која се користи како лек против болка, но со висок степен за злоупотреба – беше истакнат за време на средбата меѓу лидерите на САД и на Кина на Самитот на Г-20, некои аналитичари велат дека Кина на ова гледа како на уште една тактика на Вашингтон да го посрамоти Пекинг.

По средбата со кинескиот претседател Ши Џипинг во Буенос Аирес, американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави Кина дека планира да воведе смртна казна против илегални произведители на фентанил – опоид што има 100 пати посилно дејство од морфинот со доза од само два милиграма кај повеќето луѓе.

Ши вети криминализирање на продажбата на смртоносниот фентанил во САД, според Трамп, кој рече дека се работи за потенцијален пресврт во епидемијата со предозираност од фентанил во САД.

„Лани 77.000 луѓе починаа од фентанил. Ако Кина спречи ширење на оваа опасна супстанца, резултатите ќе бидат извонредни“, напиша претседателот Трамп, на Твитер.

Кина е најголем извор на супстанци коишто содржат нелегален фентанил во САД и тој тренд се зголемува последните години, според извештајот на американско-кинеската Комисија за разгледување на безбедноста.

Запленет Фентанил во сојузната држава Илиноис
Запленет Фентанил во сојузната држава Илиноис

Дури и Кина забрани речиси 40 супстанци што содржат фентанил по години притисок од официјални лица од САД, трговците со опоиди и натаму наоѓаат пат за новите наркотици да ги избегнат царинските црни листи.

Минг Џиа, професор по политички науки и глобални прашања при Универзитетот Њујорк, е скептичен за иницијативите на Кина за борба против фентанилот, се` додека не се зголеми бројката на зависници меѓу младата популација на оваа земја.

„Засега, Кина има придобивки од хемискиот извоз, но не плаќа цена за тоа. Кина не е мотивирана да го намали извозот и да спроведува поголема контрола“
Минг Џиа, професор од Њујорк

„Засега, Кина има придобивки од хемискиот извоз, но не плаќа цена за тоа. Кина не е мотивирана да го намали извозот и да спроведува поголема контрола“, изјави Џиа.

Овој професор од Њујорк, сепак, ја повика Кина да преземе акции со оглед дека и нивната младина може да биде зависна од фентанилот.

Тој исто така ги повика САД да ја зајакнат контролата врз контролирани супстанци и да ја намалат зависноста од лекови против болки.

Неодамна, група од 21 лице беше прогласена виновна во суд во Џингтаи, провинцијата Хабеи, поради нелегална продажба на лекови, вклучувајќи го и фентанилот, што преку пошта бил испорачуван на адреси во САД и во Канада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG