Американските Федерални резерви дадоа зелено кинеските банки под државна сопственост да влезат на американскиот банкарски пазар.
Американската централна банка синоќа ја одобри понудата на Индустриската и комерцијална банка на Кина - најголемата банка во оваа земја - да купи 80% од акциите на американската филијала на Банката на Источна Азија. Ова е по првпат на една кинеска компанија под државна контрола да и` биде дозволено сопствеништво во американска банка.
До историскиот чекор дојде само неколку дена по средбите на високо ниво во пекинг меѓу американски и кинески претставници. Американски владини лица наведуваат дека Кина постигнала напредок по бројни прашања, вклучувајќи го и ориентирањето кон поотворен и пазарно ориентиран финансиски систем.
При донесувањето на одлуката, Федералните резерви образложија дека Индустриската и комерцијална банка на Кина, која е 70% во сопственост на кинеската влада, ќе биде под соодветна контрола, како и дека има средства за адекватна поддршка на американските филијали.