Линкови за пристапност

Комунистичката партија на Кина ја одбележа 100-годишнината


Стотици луѓе се собраа на Плоштадот Тјананмен во Пекинг, за да присуствуваат на церемонијата поврзана со мега-настанот, вклучувајќи и спектакуларно авионско шоу, со прелети на десетина хеликоптери и борбени авиони.

Кинескиот претседател Ји Џипинг ја одбележа 100 годишнината од владејачката Комунистичка партија со предупредување дека секоја закана кон неговата земја ќе заврши со крвопролевање.

Стотици луѓе се собраа на Плоштадот Тјананмен во Пекинг, за да присуствуваат на церемонијата поврзана со мега-настанот, вклучувајќи и спектакуларно авионско шоу, со прелети на десетина хеликоптери и борбени авиони.

Облечен со слична кошула како партискиот основач Мао Sедонг, Ју Џипинг пред присутните од партијата истакна дека примарната цел на партијата е постигната преку изградбата на модерно и просперитетно општество во изминатиот век.

Тој предупреди дека Кина никогаш нема да дозволи било кои странски сили да „ја заплашуваат, вршат притисок или да го поробат“, потенцирајќи дека секој што ќе се обиде во таков чин ќе заврши распнат и во крв пред „Големиот ѕид од метал“, изграден од 1,4 милијарди луѓе во Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG