Линкови за пристапност

САД: Првите луѓе на најголемите компании со најголем пораст на платите


САД: Првите луѓе на најголемите компании со најголем пораст на платите
САД: Првите луѓе на најголемите компании со најголем пораст на платите

Весникот Вол стрит џурнал вели дека предничи директорот на Виаком со годишна плата од 84 милиони долари

Американски весник Вол стрит џурнал објави дека извршните директори на најголемите компании во земјата бележат големо зголемување на платите минатата година паралелно со зголемените профити и порастот на акциите на берзите кои им донеле високи бонуси.

Вол стрит џурнал во понеделничкото издание пишува дека истражувањето на 350 компании покажало оти извршните директори заработиле во просек по девет милиони долари повеќе во 2010-та. Тоа е 11 проценти повеќе од 2009-та, кога весникот објави дека директорите немале значително зголемување на платите.

Лани најмногу заработил шефот на Виаком, под чија сопственост се кабелски телевизиски мрежи и филмското студио Парамаунт пикчрс. Извршниот директор заработил 84 милиони долари во 2010-та, со што двојно ја зголемил платата од пред една година.

Меѓу извршни директори со најголеми плати предничат првите луѓе на Дизни, Тајм Ворнер, Форд, ИБМ и Ексон-Мобил.

XS
SM
MD
LG