Американскиот претседател Барак Обама одговори на реакциите на работодавачите-верски организации, гневни поради новата одредба да обезбедуваат бесплатна контрацепција во осигурувањето, со тоа што ја префрли таквата обврска на осигурителните компании.
Со новата политика, компаниите за здравствено осигурување ќе ги покријат трошоците за контрацепција во случаи кога работодавачите одбиваат да платат за здравствено осигурување за вработените поради верски убедувања.
Католичка ТВ-мрежа во САД претходно ја тужеше владата поради законска одредба што налага организацијата да обезбеди бесплатни контрацептивни средства на жените.
„Вечната светска телевизиска мрежа“ четвртокот поднесе судска жалба во која наведува дека врз основа на католичкото учење, контрацептивните средства „не претставуваат лекарство, здравствена заштита или пак начин да се обезеди благосостојба на луѓето“. ТВ-мрежата спори дека законската одредба го прекршува уставното право на слобода на вероисповед.
Одребата - дел од реформата на здравствената заштита што ја иницираше претседателот Барак Обама - наиде на редица поплаки и критики, меѓу што и две други судски тужби. Таа налага осигурителната полиса на работодавачот да вклучи контрацепција, меѓу што и стерилизација и пилулите „утрото потоа“. Одребата не се однесува на црквите, но затоа ги опфаќаше верски-ориентираните болници, добротворни организации и универзитети.
Конгресните републиканци на чело со Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер најавија дека ќе се борат против одредбата.
Секретарката за здравство Кетлин Себелиус, пак, изјави дека „голем број медицински докази“ покажуваат дека контрацептивните средства имаат значителна здравствена корист за жените и нивните деца. Таа рече дека владата на Обама ја следела праксата на законите во неколку сојузни држави кога одредувала кои верски организации треба да бидат исклучени од одредбата. Секретарката кажа и дека законот не налага лекарите да препишуваат, а жените да користат контрацепција за која сметаат дека е против нивните верски убедувања.