Линкови за пристапност

Картер допатува во Северна Кореја во обид да го ослободи Американецот


Севернокорејската централна новинска агенција го најави пристигнување на Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер пристигна во Северна Кореја на мисија во обид да го ослободи американскиот државјанин кој се наоѓа во притвор од јануари.

Севернокорејската централна новинска агенција го најави пристигнување на Картер. Се сретна на аеродромот во Пјонгјанг со специјалниот пратеник за нуклеарни прашања, Ким Кај Гван.

Американски официјални лица за новинските агенции рекоа дека 85-годишниот поранешен претседател и нобеловец за мир се наоѓа во приватна мисија за ослободување на Аиџалон Махли Гомес. 30-годишниот Гомес беше уапсен кога се обидувал да ја мине границата со Кина. Тој подоцна доби осум годишна казна затвор за илегален влез во земјата, како и парична казна во висина од 700.000 долари.

Севернокорејската новинска агенција јави дека Гомес минатиот месец извршил обид за самоубиство.

Стејт департментот неодамна испрати тим дипломати во Пјонгјанг во неуспешна мисијата за негово ослободување.

XS
SM
MD
LG