Линкови за пристапност

САД и Канада се усогласија, нов трговски договор наместо НАФТА


Во последен миг, после интензивни преговори, САД и Канада доцна синоќа постигнаа согласност со која се овозможува новиот трилатерален пакт во кој влегува и Мексико, да го замени Договорот за слободна трговија – НАФТА, стар речиси четвртина век.

Новиот договор меѓу САД-Мексико-Канада се очекува да биде потпишан во наредните 60 дена од страна на претседателот Доналд Трамп, како и од страна на челниците на Канада и Мексико.

Договорот со Отава ќе овозможи зголемен пристап на САД до пазарот со млечни производи во Канада, што за возврат ќе ги заштити Канаѓаните од евентуални тарифирања во автомобилската трговија.

Трамп го критикуваше НАФТА како еден од „најлошите трговски договори во историјата“.

Тој обвини дека поради тој договор, постигнат во 1994 година за време на администрацијата на Бил Клинтон, многу Американци останале без работа.

XS
SM
MD
LG