Денешната временска прогноза за Калифорнија ќе донесе силни ветришта и ниска влажност на воздухот, услови што прават да биде речиси невозможно под контрола да се стават 22-та, големи пожари што моментално се активни северно од Сан Франциско.
Заради непроменетата ситуација, властите наредија нови евакуации.
Најмалку 29 лица загинаа, а повеќе од 300 се водат за исчезнати. Видливи се изгорени населби, а илјадници пожарникари се борат со огнената стихија. Според надлежните, уништени се најмалку 3.500 домови и бизниси.
Пожарите зафатија површина од речиси 69.000 хектари, а делови се познати по светски познатата винарска индустрија.
Непроменетата ситуација придонесе за нови евакуации
Facebook Forum