Спасувачките екипи се во потрага по преживеани откако поплавните и масивниот одрон на земјиштето, усмртија најмалку 15 лица, а беа уништени бројни домови северно од Лос Анџелес.
Спасувачите користат хеликоптери и кучиња-трагачи, за да лоцираат преживеани по разурнатите домови.
Со оглед дека голем број луѓе се водат за исчезнати, властите стравуваат дека бројката на загинати може да расте.
Некои улици во соседствата Монтесито и Санта Барбара се затрупани со ѓубре од поплавите.
„Нашата гаража од куќата е затрупана. Ужасно е“, се пожали една жителка.
На одредени локации паднаа и до 13 сантиметри дожд, но метеоролозите предвидуваат затоплување на температурата и прекин на врнежите до крајот на седмицата во јужна Калифорнија.
Шумските пожари во декември уништија илјадници хектари површина - грмушки и вегетација, коишто практично го штитат Лос Анџелес при одрон на земјиштето од ридовите.
Facebook Forum