Спасувачките екипи во Калифорнија се обидуваат да лоцираат најмалку 13 лица кои се водат за исчезнати по масовните поплави и лизгање на земјиштето. Во елементарната непогода, животот го загубија 17 лица. Бројни домови северно од Лос Анџелес се целосно уништени.
Неколку локални, државни и федерални агенции им помагаат на локалните жители во расчистување на уништените имоти од лизгањето на земјиштето.
Спасувачите користат хеликоптери и кучиња-трагачи за да лоцираат преживеани.
Со оглед дека голем број луѓе се водат за исчезнати, властите стравуваат дека нивниот број можно е да расте.
Некои улици во соседствата Монтесито и Санта Барбара се затрупани со ѓубре од поплавите.
На одредени локации паднаа и до 13 сантиметри дожд, но метеоролозите предвидуваат зголемување на температурите во јужна Калифорнија до крајот на седмицата.
Шумските пожари во декември уништија илјадници хектари површина - и тоа грмушки и вегетација коишто вообичаено го штитат Лос Анџелес при одрон на земјиштето од рифовите.
Facebook Forum