Линкови за пристапност

Шумскиот пожар наближува до Музејот Гети во Лос Анџелес


НБА ѕвездата Леброн Џејмс, кој живее во областа, изјави дека требал да се евакуира со семејството, но се соочил со проблем да најде слободна соба во хотел.

Пожарникарите во западната сојузна држава Калифорнија жестоко се борат за локализирање на шумскиот пожар во близина на Музејот Гети во Лос Анџелес. Огнената стихија се прошири на повеќе од 250 хектари од почетокот на избувнувањето, а опожарени се осум куќи, во кварт каде се наоѓаат милионски резиденции на познати холивудски лица од светот на бизнисот и спортот. Илјадници лица се принудени да се евакуираат.

НБА ѕвездата Леброн Џејмс, кој живее во областа, изјави дека требал да се евакуира со семејството, но се соочил со проблем да најде слободна соба во хотел.

„Конечно, се сместив во хотел. Луда ноќ“, напиша Леброн на Твитер.

Пожарот синоќа се разгоре во близина на главниот автопат кон Лос Анџелес 405, и возачите преку социјалните медиуми постираа за опасностите од огнените јазици додека се вози по него. Пожарникарните служби предупредуваат од заканата од ниска влажност и силни ветришта во следните неколку дена, што ќе ги отежнат напорите за гаснење на шумскиот пожар.

Официјални лица во Музејот Гети, потврдија дека пожарот не стасал близу до зградата, барем засега, која е направена од огромен ѕид од камен за да ја заштити од оган.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG