Линкови за пристапност

САД ќе ги олеснат санкциите против Бурма


Вашингтон ќе назначи и амбасадор во земјата.

САД ќе олеснат дел од долгогодишните санкции против Бурма, во надеж дека тоа ќе поттикне натамошни реформи по делумните парламентарни избори од неделата.

Државната секретарка Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон наскоро ќе назначи амбасадор во Бурма. Воедно, планира да отвори и канцеларија на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), како поддршка на напорите на Програмата за развој на ОН.

Вашингтон најави и дека ќе овозможи приватни американски организации да работат на развојни проекти во Бурма. На одредени бурмански претставници и членови на парламентот ќе им биде дозволено да патуваат во САД. Вашингтон ќе ги олесни и ограничувањата за американските финансиски и инвестициони услуги, за да помогне во забрзувањето на економската модернизација и политичките реформи.

Сепак, Клинтон предупреди дека реформите во Бурма допрва треба да се развиваат и дека иднината на земјата не е „ниту јасна, ниту извесна“. Таа подвлече дека САД ќе продолжат да ги олеснуваат санкциите се` додека бурманската влада продолжи да спроведува реформи.

XS
SM
MD
LG