Линкови за пристапност

Османи со намерна или случајна грешка за попишувањето со графа Бугари во пописот 2021


Министерот Османи за графата Бугари во пописот 2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Министерот Османи за графата Бугари во пописот 2021

„Нема потреба од таква графа, има веќе“, возврати Апостол Симовски, Завод за статистика

Прашањето за правата на бугарската заедница во земјава освен што ги наелектризира и онака напнатите односи со Софија доведе и до јавна дебата за тоа што треба или може да преземе Северна Македонија. Шефот на дипломатија, изненадувачки, ги повика претставниците на бугарските здруженија да побараат, во екот на пописот, „соодветна“ графа за да можат да се изјаснат како Бугари.

Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективни права.
Османи напиша на Фејсбук


„...Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективни права. Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот...“, напиша Бујар Османи на фејсбук.

Првиот човек на Заводот за статистика, институцијата што го спроведува пописот денеска дипломатски му кажа на првиот дипломат дека греши.

Нема потреба од таква графа, има веќе. Има за се што ќе се изјаснат“. Објаснувањето е дека во пописот нема посебни графи за етничката припадност, туку е една, отворена и секој може да се произнесе како сака, а тој податок попишувачите ќе го внесат во образецот.
Симовски, Завод за статистика


„Нема потреба од таква графа, има веќе. Има за се што ќе се изјаснат“. Објаснувањето е дека во пописот нема посебни графи за етничката припадност, туку е една, отворена и секој може да се произнесе како сака, а тој податок попишувачите ќе го внесат во образецот. Дека и досега немало проблем за некој што се чувствува како Бугарин во земјава така и да се попише, зборуваат и податоците од сите изминати пописи – на сите од нив одреден број граѓани биле попишани како Бугари. На последниот попис – во 2002-та, 1487 лица се изјасниле и биле заведени како Бугари, вели Апостол Симовски, Завод за статистика.

Затоа, денешната порака на Османи, дел од домашните медиуми ја оценија како сериозен гаф на шефот на дипломатијата токму во чувствителен период за македонско-бугарските односи.

Паралелно со домашната дебата, не стивнуваат реакциите на високи владини претставници за потегот на бугарскиот претседател Радев, од што и стартуваше острата реторика на релација Скопје-Софија.

Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори.
Шекеринска, министерка за одбрана


„Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме најдобар пример во нашиот регион на оваа тема и тоа го признаваат организации кои често пати се критични на темиве.“, истакна Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.

Пред неколку дена Радев ги свика на состанок шефовите на бугарските безбедносните служби, за да се преземат „навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во земјава кога тие се нападнати поради нивното изјаснување како Бугари, чекор што го осуди и шефот на државата Пендаровски и премиерот Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG