Линкови за пристапност

Меѓупартиски договор за буџетот во Вашингтон за следните две години


Суспендирана границата на задолжување на буџетот до 31-ви јули, 2021-ва

Претседателот Доналд Трамп и меѓупартиските конгресни лидери постигнаа договор за двегодишен буџет што овозможува стотици милијарди долари трошоци и ги отстранува стравувањата за нова фискална криза во Вашингтон во следните 24 месеци, објавија американските медиуми. Договорот, доаѓа по двонеделните интензивни телефонски разговори меѓу спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и секретарот за финансии Стивен Мнучин, и ја суспендира границата на задолжување на буџетот до 31-ви јули, 2021-ва.

„Со задоволство објавувам дека е постигнат договор меѓу лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, лидерот на малцинството Чак Шумер, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и Кевин Мекарти, лидер на малцинството во Претставничкиот дом“, се огласи претседателот Трамп преку Твитер. Ова е вистински компромис и голема победа за армијата и ветераните“, изјави првиот човек на САД.

Договорот треба да биде усвоен во двата дома на Конгресот и да биде потпишан од претседателот за да стане закон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG