Енциклопедијата Британика, една од најстарите и најпознати енциклопедии во светот на англиски јазик, ќе прекине со печатемите изданија и ќе биде достапна само на Интернет.
Компанијата, чие седиште е во Чикаго, го објави првото издание пред 244 години во Единбург, Шкотска.
Британика стана популарна во САД особено по Втората светска војна, и покрај цената од преку 1.300 долари. Продажбата на енциклопедијата во 32 тома достигна врв во 1990-те со продадени 120.000 примероци, но потоа почна да опаѓа со појавата на Интернетот и се`поголемата популарност на ривалот Википедија.
Годишната претплатата на Интернет-верзијата на Британика ќе чини 70 долари.