Линкови за пристапност

Британија во политичка неизвесност


Премиерка Тереза Меј по лошиот резултат на изборите најави формирање влада со поддршка од Унионистите

Британија се наоѓа во состојба на политичка нестабилност, откако главната опозициска партија направи изборен кам-бек, и не и` дозволи на премиерката Тереза Меј и конзервативците да освојат мнозинство во Парламентот, најмногу благодарение за големата излезност на младите гласачи.

Во едни од најзначајните избори во модерната британска историја, Меј не успеа да го зголеми и зацврсти парламентарното мнозинство. Напротив, таа ги зголеми сомневањата дека може да води малцинска влада со поддршка од Унионистите од Северна Ирска.

Но, Меј најави дека не отстапува да ја задржи власта, откако добила потврда од Унионистите. Официјален претставник од Даунинг стрит најави дека Меј во Бекингамската палата ќе побара од кралицата Елизабета дозвола да формира влада. Нејзиниот план е да формира влада со Унионистите од Северна Ирска и ќе има мнозинство во Парламентот со само еден пратеник.

Иако има гласни негодувања за нејзината одлука да побара спроведување брзи избори пост-Брегзит и начинот како ја водеше партиската кампања, конзервативните законодавци најверојатно се подготвени да и` дадат поддршка, барем на кус рок, велат аналитичарите.

Следната недела се очекува да се гласа за довербата во Меј и нејзината влада во британскиот Парламент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG