Линкови за пристапност

Британија ќе го забрза производството на ретки магнети за да ја намали зависноста од Кина


Британското производство на магнети замре на почетокот на 1990-те, кога оваа индустриска гранка заклучи дека не може да се натпреварува со Кина на ова поле на глобално ниво.

Британија може да го ревитализира домашното производство со екстремно силните магнети коишто се користат во електричните возила и ветерници со владина поддршка, во обид да ја намалат зависноста од Кина и да постигнат значајно намалување на емисијата на издувни гасови, според два извори на информацијата, објави Ројтерс.

Според Ројтерс, студијата која треба да биде објавена денес, а е финансирана од владата, ќе ги изложи чекорите коишто Британија мора да ги преземе за да го рестартира процесот на изработка на ретки магнети.

Фабриката за производство на ретки магнети ќе ѝ помогне на Британија, која е домаќин на Самитот за климатски промени во Глазгов, Шкотска, да ги исполни зацртаните цели – за истиснување на автомобилите на бензин и дизел од авто-патиштата до 2030-та, и драстично намалување на испуштањето на емисијата на издувни гасови во атмосферата до 2050-та.

Британското производство на магнети замре на почетокот на 1990-те, кога оваа индустриска гранка заклучи дека не може да се натпреварува со Кина на ова поле на глобално ниво. Но, со оглед на зголемената побарувачка за ретки магнети, Владата во Лондон разгледува начини да излезе во пресрет на домашната побарувачка.

Минатиот месец, владата ги изложи плановите да има нула емисија на гасови, што вклучува и инвестирање на 1,15 милијарди долари за поддршка на електричните возила и придружните гранки кои снабдуваат автомобилски делови за нив.

Студијата ги изложи плановите за изградба на фабрика до 2024-та, која евентуално ќе произведе доволно моќни магнети за снабдување на еден милион електричните возила годишно, наведуваат извори кои го виделе истражувањето, објави Ројтерс.

Одделот за бизнис на британската влада одби да коментира детали за евентуалната фабрика за магнети, затоа што извештајот се уште не објавен.

„Владата продолжува да соработува со инвеститорите преку Автомобилскиот Трансформативен Фонд (АТФ) за да изнајде напредок во плановите да изгради глобален конкурентен синџир на снабдување за електричните возила во рамки на Велика Британија“, се огласи портпаролот на овој Оддел преку е-маил, пренесе агенцијата Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG