Линкови за пристапност

Британската премиерка Тереза Меј се повлече од функцијата


Ќе ја извршува функцијата се до изборот на нов партиски лидер

Британската премиерка Тереза Меј се повлече од лидерската позицијата на Конзервативата партија и првиот круг гласање за нејзин наследник се очекува следната недела.

Меј ќе остане на функцијата додека не биде избран новиот лидер на партијата, најверојатно до крајот на јули, но ја загуби контролата врз насоката на Британија да замине од ЕУ, сега закажано, со нов рок на 31-ви октомври.

Следниот премиер ќе има помалку од пет месеци дали да го заживее планот на Меј и да го одложи Брегзит уште еднаш или да ја напушти Унијата, без претходен договор.

Има неколку сериозни од 11 кандидати да ја заменат на премиерската функција, вклучувајќи го и поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон, кој рече дека нема план да бара промени на договорот и покрај тоа што ЕУ објави дека нема да ги обнови преговорите со Лондон за излез од Унијата.

Тие се под притисок на евроскептичниот Најџел Фараџ, кој поддржува опција „без договор“ со ЕУ, и чија партија добро помина на европските избори минатиот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG