Линкови за пристапност

„Операција Жолт Чекан“ при црно сценарио за Брегзит


На денот кога Британија треба да ја напушти ЕУ на 29-ти март, владата и бизнисите се подготвуваат за евентуален хаос, за којшто некои стравуваат може да се попречи снабдувањето на храна, меѓуграничните минувања, банкарските трансакции.

Британски официјални лица разгледуваат разни стратегии ако има влошување на ситуацијата од излегувањето на Британија од ЕУ без да се постигне договор, вклучувајќи и објавување вонредна и воена состојба, за да се избегнат евентуални немири коишто би уследиле од недостигот на намирници со храна и струја.

Деталите од таканаречената „Операција Жолт Чекан“, план за реакција ако нема договор за Брегзит, спроти важното парламентарно гласање неделава може да резултира со одложување на излезот на Британија за уште девет месеци или можеби подолг период.

„Операцијата Жолт Чекан“, ја испровоцира тврдокорната база на гласници за Брегзит, кои што сметаат дека целта на протекувањето на информацијата има цел да ги заплаши законодавците – бунтовници да го прифатат Договорот за Брегзит што претходно не помина во Парламентот во Лондон.

На денот кога Британија треба да ја напушти ЕУ на 29-ти март, владата и бизнисите се подготвуваат за евентуален хаос, за којшто некои стравуваат може да се попречи снабдувањето на храна, меѓуграничните минувања, банкарските трансакции.

Даунинг стрит број 10 призна дека неусвојувањето на договорот за Брегзит може да ја вовлече земјата во хаос, но „како одговорна влада се преземаат сите мерки за минимизирање на последиците од неминувањето на договорот за Брегзит во Парламентот.

На почетокот од месецот, речиси 100 камиони зедоа учество во вежбата за справување со ситуацијата во која ќе има царински и безбедносни одложувања во случај Брегзит да не успее. Од пристаништето во Довер, вообичаено минуваат по 10.000 камиони дневно, внесувајќи неопходни намирници од континентот за Велика Британија. Стравувањата се дека југоисточниот дел на Британија може да биде вовлечен во сообраќаен метеж, долги редици на граничните премини.

Тврдокорните заложници за Брегзит, како поранешниот секретар за надворешни работи Борис Џонсон, ги отфрли предупредувањата за неуспех на Брегзит како хистерија.

Парламентот во Лондон утре треба да гласа дали Британија треба да го одложи излезот од ЕУ на 29-ти март, ако договорот за повлекување што има поддршка од законодавците не може да се постигне со Брисел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG