Не секој избран градоначалник во американски град добива пост-изборна честитка од министерството за надворешни работи на Тајван.
Кусо време откако Мишел Ву победи во трката за градоначалник на Бостон, Масачусетс, тајванското министерство за надворешни работи преку твит и ја честиташе победата, со оглед дека е прва жена од азиско потекло, на престижната функција во градот.
Ву е ќерка на тајвански имигранти во САД, и стана прва жена од малцинство која ќе биде идна градоначалничка на Бостон.
На неа се гледа како прогресивна демократска, чија менторка ѝ е претседателската кандидатка од 2020-та Елизабет Ворен.
Ву освои 62,2%, а нејзината центристичка демократска Аниса Есаиби Џорџ, 35% од гласовите.
Facebook Forum